Ковачевски: Ако влеземе во криза прво ќе има рестрикции на училното осветлување

Доколку се предвиди енергетска криза можно е да се извршат рестрикции на јавното осветлување, вели за Сител директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски. Сепак, тој вели дека во моментов државата има стабилна енергетска слика и се произведува доволно струја за домаќинствата.
Како што објасни тој, целта со набавката на јаглен е да им се излезе во пресрет на луѓето од бизнис секторот кои поради движењето на цената на светските берзи се принудени да плаќаат значително повисока сметка за струја.
Тој вели дека граѓаните не треба да стравуваат дека ќе има недостаток на струја бидејќи државата е целосно подготвена да одговори на кризата.


25.10.2021 - 16:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега