Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    РКЕ донесе одлука – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

    13.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ковачев: И кажав на Фон дер Лајен за случајот со Ива Мијаилова
    • Германија ја зголемува минималната плата: Од 2027 година ќе биде 14,60 евра на час
    • Исчезна 38-годишна жена: Семејството бара помош
    • Скопјанец нападнат од насилници бидејќи не им дал пари
    • Со амандмански дополнувања продолжува собраниската постапка на измените и дополнувањата на Законот за животната средина
    • Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата, во текот на денот ќе биде распишана меѓународна потерница
    • (ФОТО) Манасиевски: Дали зад бегството на Ива Михаилова стојат Филипче и Заев, во соработка со Бугарија?
    • Отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка во Општина Ранковце
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Ковачев: И кажав на Фон дер Лајен за случајот со Ива Мијаилова

    Ковачев: И кажав на Фон дер Лајен за случајот со Ива Мијаилова

    13.10.2026 во 17:553 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Скопје нема основа да се жали на Бугарија во ЕУ, порача европратеникот Андреј Ковачев во изјава за БНТ за случајот со Ива Михаилова, откако за неа ја информирал и претседателката на ЕК, Фон дер Лајен. 

    „Ја информирав и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за ситуацијата и сметам дека Скопје нема од што да се жали на Бугарија. Што точно направила Бугарија што е проблематично? Апсолутно ништо. Ние, се разбира, го покренавме прашањето за хуманитарниот проблем со Ива Михајлова на сите нивоа — пред владата, претседателот, европратениците, бугарските пратеници и политичките партии. На секое ниво, политичките партии во Бугарија го поставија ова прашање како итен хуманитарен случај што треба брзо да се реши. Затоа и реков дека сум среќен што Ива Михајлова може уште сега да го започне своето лекување во Бугарија, таму каде што може да ѝ биде обезбедено соодветно лекување“, изјави европратеникот Андреј Ковачев за БНТ.

    Ковачев вели дека не гледа основа за критики кон Бугарија, која, како што тврди направила се за да и помогне на Михаилова. 

    „Не разбирам од што се жалат или од што би се жалеле во врска со Бугарија и како ние сме ја нарушиле некаквата доверба. Особено по вчерашниот ден, кога оваа земја-кандидатка за членство во Европската Унија продолжува со таков наратив од минатото, кој поттикнува страшна омраза кон Бугарија, со таканаречената „празнична прва пушка“, дополни Ковачев.

    „Бугарката Ива Михајлова конечно ја напушти Северна Македонија и се врати во Бугарија. Сама! Всушност, со својот адвокат. Бугарија нема никаква заслуга за тоа. Ниту Министерството за надворешни работи, ниту Министерството за внатрешни работи, ниту претседателството, ниту која било друга државна институција“, пишува на Фејсбук лидерот на Има таков народ, Слави Трифонов.

    Според него, подобро е што бугарската држава нема никаква врска со случајот. Според него, Ива Михаилова постапила правилно.
    Случајот за бегството на Михаилова дел од репертоарот на бугарските утрински емисии. Новинарот и политички коментатор Петар Колев вели дека во моментов приоритет било нејзиното лекување.  

    „Според мене, сè може да се сумира во реченицата: „Не знам“. Се покажа дека никој во Бугарија не знае како Ива Михајлова дошла во Бугарија — ниту министерот за внатрешни работи, ниту претседателот, ниту министерот за надворешни работи. Но, Ива Михајлова е во Бугарија и ќе го добие она што е најважно, според мене — соодветна медицинска нега и лекување во болницата „Пирогов“. Тоа е приоритет број еден“, изјави Петар Колев, новинар и политички коментатор.

    Секој е невин додека не се докаже спротивното порача бугарскиот истражувач Спас Ташев потенцирајќи дека Македонците на социјалните мрежи масовно ја обвинуваат Михаилова дека е криминалец. 

    „Ги читам коментарите на социјалните мрежи во Северна Македонија. Таму масовно ја обвинуваат дека е криминалка. Но, најпрво треба да кажеме дека секој човек е невин сè додека не се докаже спротивното. Значи, веќе имаме однапред поставена теза што се брани на социјалните мрежи, а која очигледно не соодветствува со фактите. Ги гледаме двојните стандарди што се применуваат во случајот со Ива Михајлова“, изјави Спас Ташев, истражувач и коментатор за македонското прашање. 

    Синоќа претседателката на Бугарија најави дека ќе се сретне со Михаилова во прва прилика, министерката за надворешни пак изјави дека бугарското МНР не учествувало во транспортот на Михаилова. Случајот дополнително ги заостри реакциите меѓу Скопје и Софија, отворајќи нови прашања за односите меѓу двете земји.

    Прочитај повеќе

    Исчезна 38-годишна жена: Семејството бара помош

    13.10.2026 во 17:23

    Скопјанец нападнат од насилници бидејќи не им дал пари

    13.10.2026 во 17:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.