Close Menu
Press24
    Најново

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    ОЈО: Сторивме сѐ што можевме за да ја обезбедиме, ризикот од бегство беше причина зошто дававме негативно мислење за враќање на пасошот на Михајлова

    12.10.2026 во 14:13

    РКЕ донесе одлука – ова се новите цени кои ќе важат од полноќ

    13.10.2026 во 12:43
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Исчезна 38-годишна жена: Семејството бара помош
    • Скопјанец нападнат од насилници бидејќи не им дал пари
    • Со амандмански дополнувања продолжува собраниската постапка на измените и дополнувањата на Законот за животната средина
    • Тошковски: Ива Михајлова нелегално ја напуштила државата, во текот на денот ќе биде распишана меѓународна потерница
    • (ФОТО) Манасиевски: Дали зад бегството на Ива Михаилова стојат Филипче и Заев, во соработка со Бугарија?
    • Отворена подрачна канцеларија на Центарот за социјална работа Крива Паланка во Општина Ранковце
    • Хрватското Министерство за одбрана крена „Рафал“! Пресретна патнички авион, бил означен како закана
    • Лоши вести за возачите: Нафтата поскапува
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Исчезна 38-годишна жена: Семејството бара помош

    Исчезна 38-годишна жена: Семејството бара помош

    13.10.2026 во 17:232 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Десет дена неизвесност, загриженост и потрага по 38-годишната Јаница Цековска, која на 3 октомври се оддалечила од мал групен дом во Градско. Нејзиното семејство упатува јавен апел до граѓаните за помош во нејзиното пронаоѓање, додека Министерството за внатрешни работи информира дека се преземаат мерки за утврдување на нејзината местоположба.

    Блиските на Јаница, загрижени поради отсуството на какви било информации за неа, ја споделуваат нејзината фотографија на социјалните мрежи со надеж дека некој ќе ја препознае или ќе достави информации што би можеле да помогнат во потрагата.

    Според досега објавените податоци, Јаница е висока околу 165 сантиметри, тешка приближно 70 килограми и има кратка црна коса. Во моментот кога се оддалечила од групниот дом, била облечена во црни тренерки, црн горен дел од тренерка со слика, а на нозете носела црни пластични влечки.

    Информацијата за нејзиното исчезнување била објавена на 5 октомври, два дена по нејзиното оддалечување од установата. Оттогаш, според досега достапните информации, нема потврдени сознанија каде се наоѓа 38-годишната жена.

    Случајот предизвика вознемиреност и меѓу родителите на деца со попреченост, кои бараат поголемо внимание од јавноста и институциите.

    Зоран Мијалков од Штип, кој и самиот е родител на деца со попреченост, преку видеообраќање на социјалните мрежи повика медиумите поактивно да известуваат за исчезнувањето на Јаница, со цел информацијата да стигне до што поголем број граѓани.

    Тој посочи дека ваквите случаи предизвикуваат сериозна загриженост кај родителите, особено поради стравувањето дека слична ситуација би можела да се случи и во нивните семејства.

    Во меѓувреме, од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на исчезнатата жена.

    Сите граѓани кои евентуално ја забележале Јаница или располагаат со каква било информација што може да помогне во нејзиното лоцирање, се повикуваат да се обратат во најблиската полициска станица.

    Прочитај повеќе

    Скопјанец нападнат од насилници бидејќи не им дал пари

    13.10.2026 во 17:11

    Со амандмански дополнувања продолжува собраниската постапка на измените и дополнувањата на Законот за животната средина

    13.10.2026 во 17:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.