Костадиновска Стојчевска: Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба
„Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, изречена е мерка наредба од страна на инспекцијата при Министерство за култура,“ пишува во објавата на ФБ страната на министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска.
Во објавата на ФБ пишува и дека инспекторите за култура извршиле вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата. Како и дека, дополнително е извршен и инспекциски надзор во Општина Струга за поставувањето на спомен-плоча за основно училиште „Битолски конгрес“ во 1941 година и за градоначалникот, кој е надлежен за истата и е изречена законски утврдена глоба.
„Заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите и грижата да биде заедничка, и на централно и на локално ниво. Апелирам на поголема совесноста од секој поединец кон културните и историски споменици, во спротивно негрижата и дејствијата во насока на нивно уништување ќе бидат соодветно казнети,“ порачува министерката Костдиновска Стојчевска на ФБ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа