Комерцијална Банка гази: Рекордна исплата на дивиденда - цената на акциите расте
Според Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 31.12.2023 година, Комерцијална банка АД Скопје планира да подели по 910 денари бруто дивиденда за 1 обична акција.
Акционерите на банката ќе земат нето дивиденда на износ од 819 денари или 4,90 отсто во однос на пазарната цена на акцијата.
Акцијата на Комерцијална банка во моментов е над 16.700 денари. На почетокот на 2023 беше околу 12.000 денари
23.02.2024 - 10:43
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа