Клучен дуел за Македонија на гостувањето кај Ерменија

Македонија денес ќе се обиде да ја прекине низата порази на гостувањата кај Ерменија, овојпат во клучен дуел, во битката за второто место во квалификациската група за СП во Катар.

Селекторот Милевски порача дека сега се работи за она што ќе биде резултат во иднина, градење на нова генерација.

-Можеби има влијание тој недостаток за нашата работа од кога сум јас тука, тоа што го замисливме на почетокот тоа сега го немаме. Сме во фаза за создавање на тим, за следните три четири години. Не се откажуваме никако, и секоја најмала шанса за пласман на СП ќе се обидеме да ја искористиме, објасни Милевски.

Барди кој се враќа во тимот, е оптимист но бара време за резултатите да бидат видливи.

-Имаме нови играчи и нов селектор и треба да бидеме трпеливи, секој натпревар ни носи нешто добро. Мислам дека Македонија покажа многу, дека сака да игра за нешто добро, за нешто убаво не за да бидеме петти или четврти, тврди Барди.

Македонија денес од 18 часот гостува кај Ерменија во претпоследното коло од квалификациите за СП.

15.11.2021 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа