Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ФОТО: Се запали куќа во Козле
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • ВМРО-ДПМНЕ: СДС создава паника и дезинформации наместо да води одговорна политика
    • ДУИ: Повторно се гради дивоградбата на „Ќемал Сејфула“, Општина Чаир и Обвинителството да реагираат
    • Нови фабрики и инвестиции: Во Македонија се отвораат илјадници работни места
    • Трагедија на романскиот брег: Двајца браќа се удавија пред очите на својата сестра
    • СДСМ: Во Скопје долго се чека за прскање против комарци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар

    Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар

    18.07.2026 во 13:543 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Официјално прогласување на епидемија во Гостивар во моментов нема да има, сè додека прецизно не се лоцира изворот на масовните стомачни тегоби кај локалното население. Како што денеска соопшти министерот за здравство, Сашо Клековски, по неговата вонредна посета на гостиварската Општа болница, неопходно е да се спроведат многу повеќе епидемиолошки анкети на терен со цел точно да се изолира конкретниот причинител.

    Според неговите информации, притисокот врз здравствените установи останува висок, со оглед на тоа што бројот на граѓани кои се јавуваат со слични симптоми во изминатите неколку денови е речиси идентичен и константен. Првите поплаки и симптоми кај пациентите се евидентирани уште во текот на ноќта на 13 јули.

    Клиничката слика кај сите заболени се движи од полесни стомачни проблеми проследени со повраќање и дијареја, па сè до висока телесна температура кај одреден дел од граѓаните. Поголемиот број од пациентите по примањето на симптоматска терапија и инфузии против дехидратација се пуштаат на домашно лекување, а министерот уверува дека болницата располага со сите потребни лекови и медицински кадар.

    Министерот Клековски во детали ги образложи статистичките податоци за интервенциите во изминатото деноноќие и упати апел до јавноста:

    „Првите пациенти се јавиле на ноќта на 13-ти јули и оттогаш таа бројка е прилично константна. Над 200 граѓани се јавуваат дневно во болницата за интервенција. Во последните 24 часа има 100 побарани интервенции на педијатрија и 160 побарани интервенции на инфективното одделение рече Клековски.“

    Од надлежните здравствени служби алармираат дека се преземаат сеопфатни мерки. Во процесот се вклучени повеќе стручни институции со цел лабораториски да се исклучат сите можни фактори кои довеле до оваа состојба.

    „Од вчера се зема колпокултура и се прават сите неопходни лабораториски анализи и е проширена можност да се бараат траги од адено и рота вирус. Значи, повеќе институции вклучени во епидемиолошкиот дел и повеќе типови на истраги, за да се исклучат сите опции: од тешки метали, од паразити, вируси, бактерии, Ни требаат многу повеќе епидемиолошки анкети за да најдеме кој е причинителот и да ги поврземе можните извори рече министерот Клековски.“

    Во однос на јавните тврдења на директорката на ЈП „Комуналец“ дека причината за труењето не треба да се бара во гостиварскиот водовод туку во храната, министерот Клековски децидно одговори дека конечниот збор мора да го дадат исклучиво стручните тела, иако според него логиката вели поинаку.

    „Ниту јас, ниту директорката на јавното претпријатие сме некои што можеме да посочиме причинител. Има епидемиолози, тоа е работа на епидемиолозите. Има Центар за јавно здравје, има Институт за јавно здравје, мислам дека треба да се очекува нивна оценка. Можам неформално да коментирам дека шансата 1000 луѓе да се затрујат од храна се многу мали. Дополнително, ова трае веќе 4 дена, така да, за мене храната логички е исклучена како можен извор, рече министерот Клековски.“

    Првите официјални резултати од деталните анализи на водата од гостиварскиот водовод се очекува да бидат готови и презентирани во текот на претстојниот понеделник.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Се запали куќа во Козле

    18.08.2026 во 10:24

    Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување

    18.08.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.