Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Клековски: Пристигнаа првите 30.000 вакцини против грип, вакцинацијата почнува меѓу 16 и 25 октомври

    Клековски: Пристигнаа првите 30.000 вакцини против грип, вакцинацијата почнува меѓу 16 и 25 октомври

    13.10.2026 во 14:122 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Првите 30.000 вакцини против сезонски грип се пристигнати, а втората тура од 26.000 дози се очекува до 15 ноември, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Според него, во моментов се организира логистиката со центрите за јавно здравје, а почетокот на вакцинацијата е закажан во стандардните термини, од 16 до 25 октомври.

    Клековски најави дека тој ќе биде првиот што ќе се вакцинира за да го поттикне пријавувањето кај граѓаните.

    Кај нас вакцинацијата ќе почне порано отколку кај некои од соседите, кои се многу поразвиени, зборувам не за првите соседи, туку за некои од соседите што ќе почнат со вакцинација во ноември. Мислам дека целата акција за вакцинација против сезонскиот грип ќе се одвива навремено и соодветно. ​Имаме 56.000 дози и работиме да постигнеме до 80.000 дози. Значи, ни беше важно да стигнат 30.000 вакцини и да почнеме веднаш со најризичните групи. На 15 ноември ќе ги имаме следните 26.000, а во меѓувреме ќе потрудиме да ги обезбедиме и остатокот до 80.000 дози – рече Клековски. ​

    Министерот појасни дека при почетокот на вакцинацијата со првите 30.000 дози, предност ќе им биде дадена на ризичните групи според дијагноза во центрите за јавно здравје.

    Пријавувањето мора да биде во модулот во „Мој термин“ за да имаме увид за севкупната состојба – додаде Клековски.

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.