На 21 септември 2026 година, во 07:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Д. (45) од Куманово.
Тој бил баран со потерница, врз основа на судска наредба за издржување затворска казна во траење од една година за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.
М.Д. бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „К’шање“ за издржување на изречената казна.

