Close Menu
    Најново

    Црн биланс на „најлудата ноќ“ во Скопје: Тепачки за паркинг, напад врз девојче, агресивен Германец и пожар во Гази Баба

    01.01.2026 во 14:18

    Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана

    01.01.2026 во 13:08

    Бурна ноќ на Токсикологија: Меѓу 31 пијан пациент, дури 13 се малолетници – најмладото дете има само 14 години

    01.01.2026 во 12:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    Актуелно
    • Црн биланс на „најлудата ноќ“ во Скопје: Тепачки за паркинг, напад врз девојче, агресивен Германец и пожар во Гази Баба
    • Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана
    • Бурна ноќ на Токсикологија: Меѓу 31 пијан пациент, дури 13 се малолетници – најмладото дете има само 14 години
    • УХМР најавува промена за викендот: Циклон носи дожд и засилен јужен ветер, на планините снег
    • На 2.540 метри височина за Нова година: Тошковски ги посети полицајците на Солунска Глава
    • Филипче честиташе: 2026 нека донесе нова надеж за промени и јасна европска иднина
    • Семејни драми за дочекот: Сопруг со остар предмет нападнал жена во Тетовско, брат претепал брат во Гостивар
    • Крвава ноќ на тетовските улици: Пијан тинејџер се судри па тепаше полицајци, двајца млади тешко повредени во излетување
    • Најново
    • Популарно
    • Facebook
    • Twitter
    • Instagram
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24Press24
    Home » Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

    Кина воведе пристанишни такси за американските бродови

    10.10.2025 во 17:57
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Кина денеска воведе пристанишни такси за бродовите во сопственост на САД, како реципрочна мерка за планираните американски пристанишни такси за кинеските бродови. Одлуката е донесена пред трговските разговори помеѓу кинескиот лидер Си Џинпинг и американскиот претседател Доналд Трамп.

    Бродовите во сопственост на САД, оние управувани од американски компании или поединци, како и бродовите изградени во САД и пловејќи под американско знаме, ќе плаќаат такса од 400 јуани (56 долари) по нето тон за секое пристигнување во кинеските пристаништа, соопшти Министерството за транспорт на Кина.

    Таксите за истиот брод ќе се зголемуваат петпати и до 2028 година предвидено е да достигнат до 1.120 јуани (157 долари) по нето тон. Мерата ќе стапи во сила на 14 октомври, истиот ден кога САД треба да почнат да наплаќаат такси за кинеските бродови.

    Во соопштението на кинеското Министерство за транспорт се наведува дека таксите за американските бродови се „контрамерки“ како одговор на „погрешните“ практики на САД, кои „сериозно ќе им наштетат на легитимните интереси на кинеската бродоградба“ и „сериозно ќе го нарушат“ меѓународниот економски и трговски поредок.

    Според планот на Вашингтон, на бродовите во сопственост или под кинеска управа ќе им бидат наплаќани по 50 долари по нето тон во секое американско пристаниште, што ќе се зголемува за 30 долари по нето тон секоја година до 2028 година.

    Пекинг вчера објави нови ограничувања за извоз на ретки минерали, како и нови ограничувања за извоз на некои видови литиумски батерии и опрема за нивно производство.

    Популарно

    Црна Нова година: Убиство во Скопје – двегодишно дете се бори за живот по прострелна рана

    01.01.2026 во 13:08

    Важно соопштение за пензионерите: Познато кога ќе им бидат пуштени пензиите

    30.12.2025 во 10:50

    Малата Евгенија Камчева е првото новороденче во Скопје: „Ти си најубавиот почеток на новата година“

    01.01.2026 во 11:47

    Новогодишен хорор во Швајцарија: Најмалку 40 загинати во експлозија во познат ски-центар, прогласена вонредна состојба

    01.01.2026 во 11:26
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.