Капиштен ќе добие 260 нови паркинг места

 Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на трибината „Заедно можеме“ од ООУ „Киро Глигоров“ зборуваше за проектот продолжување и изградба на катна гаража на улицата „Народен Фронт“ со капацитет од 260 возила.

– Во процедура е нов паркинг во Капиштец. Со самите истражувања ги детектиравме проблемите по населбите и најкритични се Дебар Маало, Капиштец и населбата Буњаковец. Во Капиштец планираме да ја отпочнеме новата катна гаража тоа ќе биде на улицата „Народен фронт“, продолжение на онаа монтажна гаража со капацитет од 260 паркинг места. Ова е еден од поскапите и капитални проекти коишто го планираме да го отпочнеме до крајот на годината, а да го реализираме до средина на следната година, изјави Герасимовски.

На трибината Герасимовски во присуство на општинската администрација зборуваше и за другите проекти кои беа реализирани во годината која изминува како изборното ветување на пензионерите и отворениот пензионерски клуб во трговскиот центар Беверли Хилс, реконструираното детско игралиште, мрежната инфраструктура на неколку улици и други проекти, соопшти Општина Центар. 

16.11.2022 - 21:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега