Камион прегази пешак во Струмица

 

Вчера во 16.00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на ул. „Климент Охридски“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа во која товарно возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.П.(42) од село Костурино, струмичко, удрило во пешакот С.Т.(75) од село Моноспитово, струмичко.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Медицински центар Струмица, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.

11.07.2024 - 12:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега