Внукот успеал да ја спаси бабата, но не и дедото - Познат идентитетот на првата жртва во пожарите во земјава

Вчера во 18.42 часот во СВР Куманово било пријавено дека околу 14.00 часот настанал пожар на сува трева во с.Кшање, кумановско, кој се проширил и го зафатил и с.Кокошиње, при што била зафатена и куќата на С.П.(75) и Т.П.(73).

Од здобиените повреди на местото починал С.П., додека нивниот внук успеал да ја извлече Т.П. од куќата.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство кај С.П., а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на семејството.

30.07.2024 - 16:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега