Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР
    • Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе
    • Жерновски: Идентитетот ни е забетониран – Мицкоски ве лаже
    • И македонското Министерство за здравство привремено ја прекинува вакцинацијата со БСЖ
    • Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%
    • Мицкоски: Пензискиот систем е стабилен, пензионерите нема за што да се грижат
    • Тренчевска: Дупката во ПИОМ е над 14% од државниот Буџет
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Како до поголема доверба во уставните судови? – Регионални експерти во Охрид

    Како до поголема доверба во уставните судови? – Регионални експерти во Охрид

    16.09.2026 во 08:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставниот суд, во соработка со Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ), денеска и утре во Охрид ќе биде домаќин на регионална конференција посветена на прашањето „Како да се зголеми довербата на јавноста во уставните судови“.

    Главен фокус на конференцијата ќе биде јакнењето на јавната доверба во уставното судство, со акцент на независноста и кредибилитетот на уставните судови, транспарентноста, комуникацијата со јавноста и предизвиците што ги носи забрзаниот развој на информациските и технолошките процеси.

    Преку размена на искуства од регионот и Европа, учесниците ќе дискутираат за начините на кои уставните судови ја градат и одржуваат довербата кај граѓаните, притоа зачувувајќи ја својата независност и институционален авторитет.

    Конференцијата ќе ја отворат претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, и Штефан Пирнер, раководител на проектниот оддел за Западен Балкан при ИРЗ.

    Во рамки на панел-дискусиите ќе учествуваат претседатели и судии на уставните судови од регионот. Меѓу учесниците се претседателот на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, Мирсад Ќеман, како и судиите на Уставниот суд на Северна Македонија, Татјана Васиќ-Бозаџиева и Осман Кадриу. На конференцијата ќе учествуваат и претставници на уставните судови на Црна Гора и Србија.

    Свое излагање ќе има и Winfried Schubert, поранешен претседател на Уставниот суд на сојузната покраина Бранденбург и поранешен претседател на Вишиот покраински суд во Наумбург, Германија. Тој ќе се осврне на развојот и улогата на германското уставно судство, неговата јавна прифатеност, актуелните предизвици и институционалната отпорност.

    На конференцијата се очекува присуство и на претставници на ИРЗ, дипломатскиот кор, академската заедница и судството.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    ВРЕДИ: За две и пол години унапредени 428 Албанци во МВР

    06.10.2026 во 13:08

    Апсење во Тетово: Ја малтретирала својата ќерка и нејзиното десетмесечно бебе

    06.10.2026 во 12:47
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.