Close Menu
Press24
    Најново

    Коалиција менуваме: Додека Орце Ѓорѓиевски ужива во сендичот, Скопје за лицата со попреченост останува град останува со пречки

    25.10.2026 во 11:39

    Слаб одѕив во Македонија: Само 265 лица со бугарски пасош се пријавија да гласаат за денешните претседателски избори во Бугарија

    25.10.2026 во 11:29

    Носителот на „Студентите победуваат“ го оствари правото на глас: Очекуваме мирна демократска атмосфера и рекорден одѕив

    25.10.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како до побрза дигитализација на компаниите? – Андоновски на панел-дискусија на ФЕИТ
    • Драма во Скопје: Ги истепал родителите и сестра си
    • Скопјанец претепан на паркинг во Центар
    • Хорор за вработен во трговски центар во Скопје
    • Македонската полиција добила повик: „Најдов минофрлачка граната”
    • Ќе нема струја 7 часа – Најавени исклучувања во Скопје
    • Нови дигитални решенија за поедноставни административни постапки и поефикасно работење
    • Шимон Холовња во Собранието – Најавени средби со Милошоски и пратениците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Како до побрза дигитализација на компаниите? – Андоновски на панел-дискусија на ФЕИТ

    Како до побрза дигитализација на компаниите? – Андоновски на панел-дискусија на ФЕИТ

    26.10.2026 во 08:272 Mins Read
    ИноФЕИТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ќе учествува на панел-дискусијата „Предуслови и предизвици за забрзана дигитализација на приватниот сектор“, која ќе се одржи во просториите на ИНОФЕИТ ЕДИХ при Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје.

    На дискусијата ќе се разговара за националните политики и мерки за поддршка на дигитализацијата, достапните финансиски инструменти и можностите за забрзување на дигиталната трансформација на македонските компании.

    Настанот има цел да ги обедини претставниците на институциите, деловните организации, финансиските институции и експертите кои работат на унапредување на дигитализацијата, со акцент на поддршката за компаниите, можностите за финансирање и следните чекори во процесот на дигитална трансформација.

    На почетокот на настанот ќе се обратат деканот на ФЕИТ, Владимир Атанасовски, и амбасадорот на Швајцарија во земјава, Кристоф Зомер.

    Покрај министерот Андоновски, на панел-дискусијата ќе учествуваат и директорот на ИНОФЕИТ ЕДИХ, Димитар Ташковски, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, главната извршна директорка на „ГоДигитал“, Никица Мојсовска-Блажевски, и главната извршна директорка на Развојната банка, Ефимија Димовска. Дискусијата ќе ја модерира Горан Дамовски, директор на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ.

    Во рамки на настанот ќе бидат презентирани и решенија развиени во ИНОФЕИТ ЕДИХ. Учесниците ќе дискутираат за националните политики за дигитализација, улогата на технолошките и иновациските центри, придонесот на ИКТ-секторот и финансиските инструменти што им се достапни на компаниите.

    Featured Just In Picks Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Драма во Скопје: Ги истепал родителите и сестра си

    26.10.2026 во 08:25

    Скопјанец претепан на паркинг во Центар

    26.10.2026 во 08:23
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.