Close Menu
Press24
    Најново

    И ја однеле чантата полна пари и документи – Уште една жена ограбена во Скопје

    09.07.2026 во 09:17

    Македонски Концепт бара тргање на „Северна“ од внатрешна употреба

    09.07.2026 во 09:09

    Филипче: Пензионерите се украдени – Државата нема пари за плати и социјална помош

    09.07.2026 во 09:05
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • И ја однеле чантата полна пари и документи – Уште една жена ограбена во Скопје
    • Македонски Концепт бара тргање на „Северна“ од внатрешна употреба
    • Филипче: Пензионерите се украдени – Државата нема пари за плати и социјална помош
    • Тројца функционери од Македонија спречени да влезат во Албанија – Биле задржани на Ќафасан
    • Горештините попуштија, УХМР ги измери температурите во 8 часот – Пред нас ново невреме
    • Ѓорѓиевски: Нема да дозволам поединци да го грдат лицето на Скопје, одговорност ќе има
    • Тажна вест: Почина истакнат македонски професор во пензија
    • Жена ограбила друга жена во Скопје
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Каја Калас им се разлути на Белорусите: Доста провоцирате

    Каја Калас им се разлути на Белорусите: Доста провоцирате

    29.10.2025 во 19:50Updated:29.10.2025 во 19:532 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Европската Унија остро ги осуди „постојаните и провокативни активности“ на Белорусија насочени против ЕУ и нејзините земји членки, оценувајќи ги како неприфатливи и во спротивност со изјавите на белорускиот претседател Александар Лукашенко за подобрување на односите со блокот. Ова го соопшти високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас.

    „Упадите на метеоролошки балони од Белорусија во воздушниот простор на Литванија, кои предизвикаа прекин на стотици летови и значителни загуби на литванските аеродроми и за илјадници патници, претставуваат обид за дестабилизација на земја членка на ЕУ и заплашување на европските граѓани, преку директни закани по цивилното воздухопловство,“ истакна Калас во писмена изјава.

    Според неа, овие инциденти не се изолирани случаи, туку дел од поширока хибридна кампања што, покрај балоните, вклучува и илегално префрлање на мигранти спонзорирано од државата.

    „Сите овие активности мора веднаш да престанат. Апелираме до белорускиот режим без понатамошно одложување да донесе ефикасни мерки за контрола на својот воздушен простор, државна граница и територија, како и да ги запре организираните криминални активности што тој ги поттикнува,“ додаде Калас.

    Таа нагласи дека, покрај постојните санкции кон Минск, ЕУ е подготвена да воведе и дополнителни мерки доколку ваквите активности продолжат.

    „ЕУ изразува целосна солидарност со Литванија и сите други земји членки погодени од хибридните активности на Белорусија. Нема да толерираме никакви хибридни кампањи насочени против ЕУ или која било од нејзините земји членки,“ потенцира Калас.

    Прочитај повеќе

    Грците воведуваат посебни мерки поради отровните зајачки риби

    08.07.2026 во 22:00

    Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана

    08.07.2026 во 20:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.