Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Тројца убиени во пукотница во шпанско одморалиште, меѓу нив бремена жена и дете

    17.08.2026 во 13:55

    Нови седум осомничени за транспорт на марихуана од Македонија во Србија

    17.08.2026 во 17:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун – „Тој ме разбира мене, јас го разбирам него“
    • Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари за ракети „Томахавк“
    • Започна исплатата на „Мој ДДВ“ – проверете ги сметките
    • Канада пред нов удар: САД воведуваат царини од 50 проценти во средa
    • Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување
    • Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров
    • Почнува судењето за убиството на Тупак
    • Најмалку пет Палестинци загинаа во новите израелски напади врз Газа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кацарска: Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини

    Кацарска: Уставен суд одлучи да не поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини

    24.09.2025 во 16:503 Mins Read
    ФОТО: Принтскрин/МИА
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Уставниот суд денеска одлучуваше за два предмета поврзани со изборниот процес. Ја оценуваше уставноста и законитоста на Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини и одлучуваше за уставноста и законитоста на упатство донесено од ДИК, соопшти на денешната прес-конференција претседателот на Уставен суд Дарко Костадиновски.

    Како што наведе Добрила Кацарска, која е судија известител за првиот предмет, Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи да не  не се поведе постапка за Одлуката со која Владата го намали бројот на советници во одредени општини.

    – Со оглед дека локалните избори се за неполн месец, овој реферат беше изготвен во многу кратко време зошто не знаевме всушност каква ќе биде одлуката да не има некои последици околу одржување на изборите. Неколку аспекти се битни за донесената одлука. Најанпред околу надчежнноста на Владата, дали Владата има надлежност да донесе ваква одлука. Апсолутно Владата е единствениот орган кој може да ја донесе оваа одлука, а надлежноста ја црпи од Уставот, член 91, алинеја 1, бидејќи таа е надлежна за извршување на законите. Воедно надлежноста произлегува и од член 63, став 3 од Законот за Влада на Република Северна Македонија. Околу извршувањето на законите, нема кој друг да е надлежен, освен самата Влада, рече Кацарска.

    Таа информира дека член 34 од Законот за локална самоуправа е многу јасен, таму се зборува за број на советници. Бројот на советници во општините не може да биде помал од 9, ниту поголем од 33. 

    – Во овој член точно е даден распонот на жители, од кој зависи уи бројот на советници. Ако се земе предвид целокупниот  Закон за локална самоуправа, ќе се уврди дека во целиот закон се употребува терминот жители. Зборуавме за локални избори, а не за парламентарни или за избор на претседател на Северна Македонија. Заради оперцаионализација на оваа одредба, 34 од Законот за локална самоуправа, Владата врз основа на член 36, став 3 ја носи оваа одлука за бројот на советниците, објасни Кацарска. 

    Законот, како што рече, зборува само за жители. Според член 6 од Законот за локална самоуправа жители на општината се само оние кои лица кои имаат постојано живеалиште во таа општина. 

    – Не залудно и Изборниот законик прави разлика меѓу избор на претседател на републиката и пратеници од една страна, а од друга страна советници и градоначалници. Членот 7, точка 4 точно зборува дека советник во општина или градоначалник може да биде избран само оној кој е жител во општината зошто токму овие органи одлучуваат за секојдневниот живот на граѓаните во матичната општина, појасни Кацараска.

    Таа се осврнува на навод од иницијативите каде се зборува за, како што рече, наводна дискриминација, поточно дека само во неколку општини каде мнозинството население се помалите етнички заедници. – Но, тоа не е точно затоа што во поголем број општини се намалува бројот на советници. Такви се на пример Кратово, Куманово, Крива Паланка, Пехчево, Струга, Јегуновце, Ново Село, Центар Жупа, а од друга страна има зголемување на бројот на советниците во општините:  Студеничани, Карпош и Кисела Вода, рече Кацарска. 

    Прочитај повеќе

    Мицевски: Започна проектот за постабилно водоснабдување

    17.08.2026 во 22:11

    Вонредно прскање против комарци во Ѓорче Петров

    17.08.2026 во 22:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.