Close Menu
Press24
    Најново

    Земјотрес од 4,7 степени во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

    20.03.2026 во 12:26

    Претрес во Берово: Скопјанец криел ловечка пушка, муниција и пиротехника

    20.03.2026 во 12:18

    В недела избегнувајте да влегувате во возило: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка

    20.03.2026 во 11:59
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Земјотрес од 4,7 степени во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
    • Претрес во Берово: Скопјанец криел ловечка пушка, муниција и пиротехника
    • В недела избегнувајте да влегувате во возило: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка
    • Јавното обвинителство поднесе обвинение за Стафа кој со 50.00 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор
    • СПМ: Бараме неселективна правда и крај на партиското етикетирање во актуелните случаи
    • Сиљановска-Давкова го честиташе Рамазан Бајрам: Со сплотеност и почит да градиме здраво општество и просперитетна татковина
    • Нафтата под притисок, златото расте, изјавите на Нетанјаху и Трамп го смируваат пазарот
    • Македонците живеат пет години помалку од Европејците: Жените и натаму со подолг животен век од мажите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Јавното обвинителство поднесе обвинение за Стафа кој со 50.00 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор

    Јавното обвинителство поднесе обвинение за Стафа кој со 50.00 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор

    20.03.2026 во 11:57Updated:20.03.2026 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинителен акт против поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа, за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание.

    Како што открива истрагата, Стафа, кој сега работи како адвокат, во периодот од октомври до 13 декември минатата година примил вкупен износ од 50.000 евра од свој клиент. Намерата била тој да посредува и да го искористи своето реално влијание кај судија во Апелациониот суд Скопје, со цел преку давање поткуп да издејствува незаконско службено дејствие.

    Позадината на овој случај води до познатиот предмет „Синџир“. Имено, лицето за кое Стафа требало да издејствува укинување на мерката притвор е неговиот клиент Љупчо Пецов, во јавноста познат како Ѓаволот, кој е осомничен во овој предмет. Како негов бранител, Стафа претходно поднел барање мерката притвор да биде заменета со куќен притвор во отсуство на Пецов, нудејќи и соодветна гаранција.

    Поранешниот државен правобранител беше уапсен на 13 декември. При лишувањето од слобода, полицијата ги пронашла и одземала паричните средства наменети за поткупот.

    Од Обвинителството информираат дека до Основниот кривичен суд Скопје е доставен и предлог за продолжување на мерката за обезбедување присуство која претходно му била одредена на обвинетиот Стафа, бидејќи околностите за нејзино изрекување останале неизменети.

    Популарно

    Земјотрес од 4,7 степени во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија

    20.03.2026 во 12:26

    Претрес во Берово: Скопјанец криел ловечка пушка, муниција и пиротехника

    20.03.2026 во 12:18

    В недела избегнувајте да влегувате во возило: Посебен сообраќаен режим во Скопје поради трка

    20.03.2026 во 11:59

    Јавното обвинителство поднесе обвинение за Стафа кој со 50.00 евра требаше да го ,,извади” Ѓаволот од притвор

    20.03.2026 во 11:57
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.