Јана Бурческа стана мајка по вторпат
Младата пејачка и ТВ водителка на музичката емисија „Стисни плеј“, Јана Бурческа стана мајка по вторпат, пишува Репортер.мк
Имено, пејачката се породила пред речиси еден месец поточно на 27 јули и на свет донесе здраво момче за кое го одбра името Дарин.
Бебето се родило 52 сантиметри, а тежело 3.890 грама.
-Дома сме речиси еден месец. Дарин го родив на 27 јули. Напредува одлично. Мирно бебе е, спие многу повеќе и од Дона кога беше бебе, па и јас можам да се наспијам, вели Бурче за репортер.мк
Инаку, Јана и нејзиниот сопруг Александар веќе имаа едно дете, односно ќерката Дона која наскоро ќе наполни три години.
Потсетуваме, во 2017 година, Бурче ја претставуваше Македонија на „Евровизија“, а тогаш во најавата за нејзиното претставување откри дека е бремена со Дона, а подоцна во зелената соба, нејзиниот сега сопруг Александар пред милионската публика ја побара за сопруга.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа