Вчера во 21:10 часот во делчевско село, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода А.З.(40).
Според пријавеното, неколку пати во последниот период во семејниот дом во селото, физички ја напаѓал неговата 59-годишна мајка и ѝ се заканувал, а претходно во текот на денот агресивно се однесувал и ја заклучил во собата. При преземање мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,08 промили алкохол во крвта.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
- Кога градите автопат вие градите иднина – да оставиме дела зад себе
- Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност
- Филипче: ВМРО и ДУИ договориле блокада на Собранието
- Тепачка за паркинг во Центар: Скопјанец нападнат од жена
- Се му застари: Што му остана на Груевски за лежење а што за судење
- Физички нападнат возач на ЈСП во Центар: Патник се обидел да влезе во автобусот додека бил во движење
- Ковачевски може да каже што сака ние сме демократија
- Ја силувал својата поќерка која немала ниту 15 години – прилепчанец заработи кривична

