Ивановска за Филипче: Не верувам дека вмешал прсти во трагедијата
Се прави збрка во јавноста помеѓу оставка од морална причина и професионална одговорност и можеби затоа таа оставка ни се чини како задоцнета, вели претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска во емисијата „Утрински брифинг“, за оставката на министерот за здравство Венко Филипче по пожарот во модуларната болница во Тетово.
Според неа, оставката треба да биде прифатена.
-И се добро човек да направи со ваква дамка му се става лош белег. Лично не верувам дека вмешал прсти во трагедија, но ваквите зборувања оставаат лош белег на целокупната работа. На него му беше ставен врз плеќи речиси се во изминатиот систем, појаснува Ивановска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа