Италијанскиот министер кој си ја назначи љубовницата за советничка поднесе оставка


Италијанскиот министер за култура, Џенаро Санџулијано, поднесе оставка поради контроверзите за советничката улога на неговата поранешна љубовница, што е удар за владата на премиерот Џорџа Мелони.

Санџулијано, 62-годишниот поранешен новинар, се соочи со медиумско лудило откако самопрогласената модна претприемачка Марија Росарија Бока минатиот месец објави дека е назначена за „советник на министерот за големи настани“.

Министерството за култура првично го одби таквото именување, но Санџулијано подоцна објасни дека се согласил да ја вработи како неплатен консултант пред да се премисли поради конфликт на интереси.

Санџулијано во своето денешно писмо до премиерката Мелони, бранејќи ја неговата постапка и негирајќи какво било прекршување на министерските правила.

Сепак, поранешниот министер призна дека таа е негова љубовница во емотивното телевизиско интервју во средата, при што им се извини на сопругата и на премиерката, а потоа додаде дека Мелони ја одбила неговата прва понуда да поднесе оставка.

Случајот доминираше во насловите и привлече споредби со минатите секс и политички скандали, вклучувајќи ги и злогласните ноќни забави „бунга бунга“ организирани од поранешниот италијански премиер, Силвио Берлускони.

Мелони брзо го избра Алесандро Џулио, шеф на римскиот музеј за современа уметност MAXXI, за нов министер за култура кој ќе положи заклетва.

Тоа е прва министерска смена во нејзината десничарска влада, која функционира солидно во последните две години, со висок рејтинг и соочена со поделената опозиција.

06.09.2024 - 21:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега