Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Историски раст на авиосообраќајот: Скопје и Охрид над 2 милиони патници за шест месеци

    Историски раст на авиосообраќајот: Скопје и Охрид над 2 милиони патници за шест месеци

    14.08.2026 во 11:172 Mins Read
    ФОТО: ТАВ Македонија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Аеродромите во Скопје и Охрид бележат значителен раст на авиосообраќајот, со повеќе од два милиони патници во првите шест месеци од годинава, што претставува зголемување од 32 отсто во споредба со истиот период лани, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

    Според Николоски, растот е резултат на новата политика за привлекување и субвенционирање директни авиолинии. Во последните година и половина се воведени 28 нови дестинации од двата македонски аеродроми.

    „Од двата аеродроми имаме 28 нови дестинации во изминативе година и половина. Минатата година имаше голем раст, а оваа година имаме историски раст. Во првите шест месеци двата аеродроми заедно имаат раст од 32 проценти“, рече Николоски.

    Тој посочи дека минатата година низ двата аеродроми поминале околу три милиони патници, додека годинава бројката веќе надминала два милиони. Оттука, според него, до крајот на годината е можно да се достигнат четири милиони патници.

    „Ако тоа не се случи во 2026, тогаш сигурно во 2027 година ќе стигнеме до четири милиони патници“, изјави Николоски.

    Како што посочи министерот, скопскиот и охридскиот аеродром во јули поставиле рекорд по бројот на воздушни операции.

    „Во еден ден во јули на Скопскиот аеродром имаше 101 воздушна операција – слетувања и полетувања, а на Охридскиот имаше 21. Тоа е апсолутен рекорд кој претходно не е забележан“, нагласи Николоски.

    Тој информираше и дека „Виз Ер“ ја има својата трета најголема база во Европа во Скопје, со седум авиони. Во периодот што следува се очекува еден авион да биде стациониран и во Охрид, а со зимскиот ред на летање се најавуваат и нови дестинации.

    Just In Top News Влада
    Прочитај повеќе

    Кузеска: По падот на Вучиќ, пари од Алта банка се префрлаат во Македонија

    28.10.2026 во 11:25

    Герасимовски со стипендии за осум ученици: По 4.500 денари месечно за полесно школување

    28.10.2026 во 11:13
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.