Жителите на дел од улицата „Салвадор Аљенде“ во скопската општина Центар денеска привремено ќе останат без водоснабдување поради дефект на водоводната мрежа.
Од Јавното претпријатие за водоснабдување и канализација информираат дека проблемот е лоциран кај објектот со број 69б, поради што ќе бидат преземени интервенции за негово санирање.
Прекинот во испораката на вода ќе започне во 9 часот и ќе трае сè до завршување на работите и нормализирање на системот.

