Close Menu
Press24
    Најново

    Нов удар за пушачите: Цигарите би можеле да скокнат на 16 евра кутија

    17.09.2026 во 16:33

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени

    17.09.2026 во 19:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Подгответе се за вистинска есен – температурите ќе опаднат за неколку степени
    • (ВИДЕО) Брза реакција на полицијата: Казнет возачот кој со автомобил се движел по пешачка патека покрај реката Вардар
    • Полициска интервенција во скопски Аеродром: Уапсен маж по тепачка во казино и напад врз службени лица
    • Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација
    • Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште
    • (ФОТО) Манасиевски: Жерновски повторно забележан со „Мерцедесот“ на братучедот и непрописно паркиран
    • Вучиќ се сретна со Зеленски
    • Запреле „Мерцедес“ на автопат, а внатре пронашле 20 килограми дрога – Филмско апсење во Ниш
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Иранскиот претседател ги отфрли шпекулациите за средба со Трамп

    Иранскиот претседател ги отфрли шпекулациите за средба со Трамп

    23.09.2025 во 10:321 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денеска ги отфрли гласините за можно средба со американскиот претседател Доналд Трамп, во изјава дадена кратко пред неговото поаѓање за Генералното собрание на ОН во Њујорк.

    Пезешкијан рече дека е за дијалог и разбирање во меѓународните односи, јави иранската државна новинска агенција IRNA.

    – Но, не можете да преговарате со некој кој сака да демонстрира моќ, да тиранизира, уништува и предизвикува штета, додаде тој, без директно да го именува Трамп.

    Односите меѓу Иран, САД и Европа се на најниско ниво во последните години по 12-дневната војна во јуни, кога Израел, заедно со САД, нападна клучни нуклеарни објекти во Исламската Република.

    Пред војната, Техеран и Вашингтон преговараа повеќе од два месеци околу иранската нуклеарна програма, но разговорите заглавија.

    Нуклеарниот спор се засили дипломатски по војната, кога иранската влада привремено ја прекина соработката со Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

    Иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи вчера во Њујорк се сретна со директорот на МААЕ Рафаел Гроси. Пред две недели, двајцата дипломати се договорија во Каиро за план за обновување на нуклеарните инспекции.

    Прочитај повеќе

    Трагедија на Филипините: Најмалку шест ученици убиени, а 17 повредени во пукотница во средно училиште

    18.09.2026 во 18:23

    Вучиќ се сретна со Зеленски

    18.09.2026 во 17:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.