Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Државна лотарија: Јавноста треба да ги знае сите детали за трошењето државни пари
    • Ѓорѓиевски на средба со делегација од Советот на Европа: Фокус на децентрализацијата и финансиското јакнење на општините
    • Мицкоски утре во Шуто Оризари: Пуштање во употреба на новата детска градинка „8 Април“
    • Илон Маск предупредува: Америка ќе банкротира
    • Германија воведува специјална струјна тарифа за гејмери со моќни компјутери
    • Утре ќе нема струја до 15 часот – најавени исклучувања во повеќе скопски општини
    • Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец
    • Завршни зборови за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане: Обвинителството бара доживотен затвор
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација

    Одлука на Врховниот суд: Укината пресудата за Ласкарци, предметот се враќа на повторно одлучување во Апелација

    18.09.2026 во 18:333 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Врховниот суд го објави образложението на одлуката со која ги уважи барањата на осудените за вонредно преиспитување на правосилната пресуда во предметот за сообраќајната незгода кај селото Ласкарци. Со оваа одлука се укинува пресудата на Апелациониот суд од 17.04.2025 година, со која беа зголемени казните на дел од обвинетите, и предметот е вратен на повторно постапување.

    Според образложението на Врховниот суд, Апелација не дала доволно конкретни одговори на суштинските жалбени наводи, ниту детално образложила како дејствијата на секој од осудените се поврзани со несреќата.

    „Со оглед на наведеното заклучокот на овој суд е дека Апелациониот суд Скопје не дал одговор на сите жалбени наводи истакнати од сега осудените во поднесените жалби кои пак како правен лек овозможуваат сеопфатна анализа и контрола на спроведената постапка пред првостепениот суд. Во првостепената пресуда според овој суд преовладува дескритивниот пристап со извадоци од изведените докази, без притоа да се наведат причините за таквата констатација на судот. Постапувајќи по жалбите, второстепениот суд не дал одговор на таквите недостатоци, туку само дава воопштени одговори и констатации на жалбените наводи и прашања кои се од суштествено значење за утврдување на кривично правната одговроност на осудените“, се вели во пресудата на Врховен.

    При повторното постапување, второстепениот суд е должен да постапи по напатствијата на Врховниот суд и да направи целосна анализа на сите жалбени наводи.

    „Да одлучува во границите на испитување на првостепената пресуда во оној дел во кој се побива во поднесените жалби, односно да направи целосна анализа на сите жалбени наводи, како и да внимава по службена должност во случаите кои се предвидени со закон, на кој начин ќе донесе правилна и законита одлука“, стои во пресудата.

    Советот за казниви дела одлучувал по предметот КВП2-86/25 на седницата одржана на 9 септември.

    „Со донесената пресуда во предметот КВП2-86/25, барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда, поднесени од осудените преку нивните бранители се уважуваат, пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ-979/24 од 17.04.2025 година се укинува и предметот се враќа на повторно постапување и одлучување“, стои во соопштението.

    Станува збор за случајот од мај 2025 година кога Апелација им ги зголеми казните на сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, и на Ремзи Мифтари на по 10 години затвор, додека за Игор Ѓорѓиевски и Горан Дуковски на по седум години. Казните за Јане Боваровски и возачот Маноил Трифуновски останаа пет, односно 14 години. Трагедијата кај Ласкарци се случи на 13 февруари 2019 година кога автобус излета од автопатот Скопје-Тетово, при што животот го загубија 16 лица, а над 30 беа повредени.

    Прочитај повеќе

    Пронајдени клуч од мотор поврзан со убиство, бомба и пиштоли – отворена истрага за млад скопјанец

    06.10.2026 во 16:09

    Уапсен арачиновец кој го блокираше патот за да избега од полицијата

    06.10.2026 во 15:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.