Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, во интервју за PBS NewsHour испрати јасна порака до Вашингтон – дипломатијата повеќе не е опција. По започнувањето на американско-израелските воени операции, Техеран ги тргна преговорите од својата агенда, нагласувајќи дека новиот врховен лидер, Моџтаба Хамнеи (син на убиениот ајатолах Али Хамнеи), допрва ќе ги соопшти своите чекори.

Арагчи предупреди дека нападите врз американските бази во Заливот се одбранбен одговор. „Предупредивме дека ако САД нè нападнат, ќе мора да ги нападнеме нивните средства во регионот бидејќи не можеме да стигнеме до нивната територија. Војната сега се шири на целиот Близок Исток“, дециден е Арагчи.

Exit mobile version