Close Menu
Press24
    Најново

    Полицаец Албанец ги тепал двете момчиња – МВР ќе бара одговорност и најстроги санкции

    10.10.2026 во 12:52

    Мицкоски: Ќе ја продолжиме кризната енергетска состојба за уште шест месеци

    10.10.2026 во 12:50

    Земете пример од нив: Ова се навиките на луѓето кои никогаш не се разболуваат

    09.10.2026 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Инвеститорите се повлекуваат: Сѐ помалку финансирање во Вештачка интелигенција
    • Мицкоски: Наша должност е вратата што ја отворија нашите претци никогаш да не ја затвориме
    • Внимавајте: „Безбеден град“ почнува да казнува во Охрид, Струга, Кичево и Дебар
    • Во Претор најмногу врнежи, најстудено на Попова Шапка и во Берово
    • Голем пад на температурите од вчера
    • СДСМ: 85 години борба против фашизмот! Да не ни се повтори Ванчо Михајлов
    • ВМРО-ДПМНЕ: 11 Октомври нека биде потсетник за храброста на борците од НОБ и наша обврска да ги чуваме нивните идеали
    • Трамп ја назначи Кејти Закарија за нова портпаролка на Белата куќа
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инвеститорите се повлекуваат: Сѐ помалку финансирање во Вештачка интелигенција

    Инвеститорите се повлекуваат: Сѐ помалку финансирање во Вештачка интелигенција

    11.10.2026 во 11:021 Min Read
    ФОТО: FREEPIK
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Драматичен пресрт и голема претпазливост ги зафати глобалните инвеститори кои масовно ги повлекуваат сопствените средства од финансирањето на секторот за вештачка интелигенција.

    Задолжувањето на компаниите од овој сектор доживеа нагло забавување во текот на изминатиот месец, откако пазарот почна сериозно да преиспитува дали милијардите долари вложени во AI ги носат очекуваните профити.

    Анализите на инвестициската банка „Морган Стенли“ покажуваат дека во септември задолжувањето паднало на околу 23 милијарди долари, што претставува двојно помал износ во споредба со претходниот месец.

    Илустрација за остриот пад е споредбата со јуни годинава, кога финансирањето преку задолжување достигна историски рекорд од 113 милијарди долари.

    Слична слика е забележана и кај американските корпоративни обврзници со висок кредитен рејтинг, каде во септември за првпат немало ниту едно ново издавање поврзано со вештачка интелигенција.

    Причина за ваквиот инвестициски скептицизам се огромните трошоци за изградба на нови центри за податоци, набавка на скапи чипови и развој на софтверски системи, дополнително отежнати од високите каматни стапки.

    И покрај септемвриското забавување, вкупните средства прибрани годинава изнесуваат дури 466 милијарди долари, што сѐ уште е далеку над минатогодишните 101 милијарда.

    Експертите предупредуваат дека зголемениот долг во комбинација со неизвесни приходи може да предизвика дополнителни финансиски турбуленции на пазарите.

    Прочитај повеќе

    Божиновска: Правиме сѐ за да нема ценовни шокови и ќе преземеме сѐ за секогаш да има струја за граѓаните

    10.10.2026 во 11:28

    Феро Инвест втора година по ред поддржува меѓународна медицинска едукација во Скопје

    10.10.2026 во 10:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.