Општина Струмица тргна во одлучна борба против загадувачите. Во голема акција на инспекциските служби и МВР, од три лица е одземен вкупно 31 килограм бакар, додека четворица струмичани „заработија“ казни од по 250 евра бидејќи биле фатени како палат отпад на отворено.
Градоначалникот Петар Јанков порача дека нема да има компромис со здравјето на граѓаните. Покрај високите казни за загадување, уште шест лица се казнети со по 50 евра за кршење на комуналниот ред. Инспекторите влегле и во трага на фирма која незаконски управувала со отпад, за што веќе е покрената постапка пред Министерството за животна средина.

