Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • ВМРО-ДПМНЕ: Дојран се развива со инфраструктурни проекти и мерки за поддршка на семејствата
    • СДСМ: Минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот
    • Танкер гори во Ормутскиот теснец: Носел нафта и удрил во мина
    • Андоновски од Сеул: Вештачката интелигенција не смее да биде привилегија само на богатите држави
    • Маск ги ограничи сателитските услуги за Украина
    • Хорор за скопјанка: Екс-партнерот ја истепал и ја оставил без телефон и паричник
    • Дневен хороскоп: Финансиите во фокус за Овните, нови можности за Девиците
    • Пожар по полноќ во Аеродром – Пожарна и полиција веднаш на терен
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Инспекторите на АХВ не се шегуваат: Истресоа скоро 450 објекти – еве колку затворија

    Инспекторите на АХВ не се шегуваат: Истресоа скоро 450 објекти – еве колку затворија

    16.11.2025 во 10:102 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна  во рамки на 445 инспекциски контроли кои  ги спроведе во  изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од  каде учениците најчесто купуваат храна.

    Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од вкупно контролираните, 26 не биле регистрирани како опeратори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство.

    Шеснаесет оператoри немале имплементирано  процедури за Добра хигиенска и Добра производствена пракса, а дури 32 немале спроведено задолжителен здравствено-саниратен преглед на вработените лица. Тројца оператори немале спроведено задолжителна дезинфекција, дезинсекција и дератизација во објектите, а 7 од контролираните објекти не ги задоволувале техничките услови за вршење на дејноста. Несоодветно означена храна со контролите била затекната кај седуммина оператори со храна.

    За утврдените недоследности изречени се и парични казни за 77 оператори, во вкупна вредност од 36.470 евра во денарска противвредност. Издадени се 103 решенија со наредби за отстранување на утврдени недоследности и изречени се и 23 опомени.

    Прочитај повеќе

    ВМРО-ДПМНЕ: Дојран се развива со инфраструктурни проекти и мерки за поддршка на семејствата

    21.10.2026 во 09:28

    СДСМ: Минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот

    21.10.2026 во 09:25
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.