Инфлуенсерката Костова се инспирирала од хитот на Ковачевски: Стани Миа, да те види сала

Инфлуенсерката Миа Костова, се пошегува на социјалната мрежа „Фејсбук“, инспирирана од вчерашната изјава на премиерот Димитар Ковачевски.

Тој на трибина на СДСМ, истакна: „Моја Слављанка вреди повеќе од цел Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ заедно. Стани Цаци да те види сала“.

По ова, инфлуенсерката Костова напиша: Хитот од денеска ќе го користам секое сабајле како мотивација за теретана: Стани Миа, да те види сала“.

Инаку, Миа во последниот период е посветена и на својот физички изглед, посетува теретана и како што сподели со јавноста, се обидува да го промени своето тело на подобро со цел да изгради повеќе здрави навики.

21.11.2022 - 14:06
Фото: 
Принтскрин ФБ Mиа Костова

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега