Close Menu
Press24
    Најново

    Од полноќ нови цени на горивата – дизелот е поскап

    28.09.2026 во 09:30

    Регулаторна одлучи: Поскап бензин – значително поевтин дизел

    28.09.2026 во 14:21

    Најстудениот македонски град утрово: Само малку над нулата

    28.09.2026 во 09:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Од Скопје до Оземпик: Научната приказна за истражувачката Светлана Мојсов
    • Три знаци кои се со жесток карактер и бурни реакции
    • Косовскиот парламент ја отфрли пресудата за воени злосторства против Тачи
    • Петмина осомничени на распит поради терористички заговор во близина на американска база во Британија
    • Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино
    • Голема новост за родителите во Инџиково: Наскоро се отвора новата градинка „Лавче“
    • Гаши во Саудиска Арабија: Има значителни можности за продлабочување на соработката
    • Голема трагедија: Камионџија загина во тешка несреќа на патот Струмица – Радовиш
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Имаше само 33 години: Познат идентитетот на загинатиот возач во тешката сообраќајка кај Охрид

    Имаше само 33 години: Познат идентитетот на загинатиот возач во тешката сообраќајка кај Охрид

    03.09.2026 во 13:561 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Младиот кошаркарски тренер Антонио Савески од Охрид е возачот кој го загуби животот во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи на магистралниот пат Охрид-Кичево, пренесе спортспорт.мк.

    Савески имаше 33 години и беше добро познат во македонската кошарка, особено по својата долгогодишна работа со младинските категории.

    Според информациите од полицијата, сообраќајната несреќа била пријавена во СВР Охрид синоќа во 23:30 часот. Возилото „хјундаи гец“ со охридски регистарски ознаки најпрво удрило во кучиња скитници, а потоа и во металните заштитни браници покрај патот, по што се запалило.

    На местото на настанот веднаш интервенирала екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид која го изгаснала пожарот, при што во опожарениот автомобил било пронајдено телото на починатиот возач.

    По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на Судска медицина за обдукција. Додека траел увидот од страна на полицијата и обвинителот, сообраќајот на магистралата бил пренасочен преку регионалниот пат Охрид-Струга.

    Антонио Савески последниот тренерски ангажман го имаше во КК Ангели, а во кариерата работеше и во екипите на Вардар, Водно Санс и Охрид.

    Прочитај повеќе

    Усмртил диво животно за време на забрана за лов, кривична за маж од Неготино

    28.09.2026 во 19:13

    Голема трагедија: Камионџија загина во тешка несреќа на патот Струмица – Радовиш

    28.09.2026 во 18:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.