Илон Маск ќе гради град за вработените на површина колку четири Централни паркови во Њујорк

Илон Маск, основачот на „Tesla“, „SpaceX“ и „Boring“, планира да изгради посебен град за вработените во овие компании на територијата на новостекнати пасишта и земјоделско земјиште во близина на Остин, главниот град на Тексас, пренесува рускиот портал „Meduza“.

Ова, се наведува, ќе му овозможи на Маск не само да заштеди при издавањето станови за вработените, туку и полесно да ги регулира активностите на компанијата – доколку градот, според планот, е регистриран како независна општина.

Главната причина за урбаните амбиции на Маск, колку што може да се процени од написот на „Волстрит журнал“, е желбата да заштеди при изнајмување станови за вработените во сите три компании кои неодамна се преселиле во Тексас од Калифорнија.

Маск и неговите врвни директори сакаат вработените да живеат во нови домови со кирии под пазарните, па планот е градот да биде лоциран во близина на објектите на „Boring Company“, „Tesla“ и „SpaceX“ во изградба, наведува медиумот.

Компанијата „Boring“ веќе им обезбедува на своите вработени станови по намалени цени – куќа или стан со две или три спални соби чини само 800 долари месечно. Во исто време, просечната кирија во оваа област за луѓе кои не се поврзани со компанијата, според податоците обезбедени од „Wall Street Journal“, изнесува најмалку 2.200 долари месечно.

Засега се работи за изградба на мала населба за 110 куќи, но идните планови на основачот на „SpaceX“ можеби ќе бидат поамбициозни – ова произлегува од зборовите на Стив Дејвис, заменик на Маск во „Boring Company“, како и од разговорите со други луѓе запознаени со плановите на компанијата, кои споделија информации со новинарите на „Wall Street Journal“.

Градот конкретно планира да избере свој градоначалник. Според законот во Тексас, градот мора да има население од најмалку 201 жители за да аплицира за инкорпорирање.

Потребно е и одобрение од окружниот судија. Досега округот Бастроп нема добиено изјава од Маск или некоја од неговите организации.

13.03.2023 - 21:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа