Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат

    06.10.2026 во 11:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • УХМР со лоши вести за претстојниот викенд – следува пресврт
    • Пресврт по неуспешната егзекуција: Криста Пајк се разбуди од кома, свесна е и зборува во болница
    • Безбедносна тревога во Софија: Бугарската претседателка Илијана Јотова свика седница на Советот за национална безбедност
    • 39 пакувања со дрога пронајдени во Идризово
    • Гостивар: Мајка си го пријавила синот во полиција
    • Крвава пресметка во Идризово: Избоден затвореник пренесен на клиника
    • Му забодел нож во гради на колегата – Детали за крвавата пресметка меѓу возачите на автобуси на кружен тек во Белград
    • Полицијата заплени 94 графички картички без документи кај скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ИКТ секторот во Македонија бележи силен раст и извоз

    ИКТ секторот во Македонија бележи силен раст и извоз

    05.06.2026 во 10:082 Mins Read
    МАСИТ
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Македонскиот ИКТ сектор продолжува да биде еден од најсилните двигатели на економскиот раст во земјата, со вкупни приходи од 1,77 милијарди евра и извоз од 676 милиони евра во 2025 година, покажуваат податоците презентирани на првиот македонско-грчки „Digital Bridge & Business ICT Forum“, организиран од МАСИТ и грчката асоцијација SETPE.

    Анализата на состојбите во ИКТ индустријата, презентирана од Дамјан Манчевски од Управниот одбор на МАСИТ, ги опфаќа најновите показатели за растот на секторот, неговото влијание врз економијата и идните трендови.

    Според податоците, во 2025 година секторот бележи раст од 7,02 отсто на приходите и 7,13 отсто на извозот во однос на претходната година. Во индустријата работат 24.134 лица во 3.367 активни компании.

    Долгорочните трендови покажуваат значителен раст во периодот од 2020 до 2025 година, кога приходите се зголемиле за 80 отсто, а извозот за 193 отсто. Во истиот период, бројот на вработени пораснал за 44 отсто, а бројот на компании за 42 отсто.

    Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитриевски, овие резултати потврдуваат дека ИКТ секторот е еден од клучните носители на економскиот развој, извозот и создавањето висококвалификувани работни места.

    Анализата покажува и дека секторот учествува со околу 4,5 отсто во БДП и расте речиси двојно побрзо од вкупната економија, со стапка од 7,4 отсто во споредба со 3,8 отсто на ниво на целата економија.

    Just In
    Прочитај повеќе

    По една деценија застој: Владата обезбеди 470 милиони денари за завршување на затворениот базен во Охрид

    06.10.2026 во 17:27

    Европа забавува, Западен Балкан забрзува: Светска Банка проектира раст од 3,1%

    06.10.2026 во 12:15
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.