Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје
    • 69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична
    • Грција дава поддршка за македонските евроинтеграции, Шасивари се сретна со амбасадорот Малукос
    • Нов бран апсења низ Македонија – приведени 10 возачи
    • Дурмиши: Создавањето можности за младите е приоритет на Министерството
    • (ФОТО) Клековски: Се вакцинирав против сезонски грип
    • „Брат ми ми се заканува со нож“ – Семејна драма во Велес
    • Тешка сообраќајка на скопската обиколница: Се судирија автобус и „мерцедес“ – има повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ИЈЗ со десет препораки за заштита на граѓаните од топлото време

    ИЈЗ со десет препораки за заштита на граѓаните од топлото време

    29.06.2026 во 18:192 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Институтот за јавно здравје преку Министерството за здравство упати официјален апел и листа на препораки до граѓаните за заштита на здравјето за време на актуелниот бран топло време.

    Здравствените власти потенцираат дека почитувањето на овие насоки е од клучна важност за спречување на топлотни удари и здравствени компликации.

    Ова се десетте официјални препораки кои граѓаните треба да ги применуваат:

    „1. Избегнувајте директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот. 2. Носете светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и светлобојна капа со висок свод и широк обод. 3. Останете во затворени и климатизирани простории. 4. При неопходен престој на open простор во овој период, најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце. 5. Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска.“

    Посебен акцент во упатството се става на начинот на исхрана, внесувањето течности и безбедноста во сообраќајот во текот на денот.

    „6. Внесувајте умерена количина храна. Избегнувајте масна и висококалорична храна како и храна која содржи голема количина на шеќер. 7. Внесувајте доволно течности во текот на целиот ден, без да чекате да почувствувате жед. Најдобар избор е водата за пиење, а може да се консумираат и минерални безалкохолни пијалаци. Избегнувајте алкохолни пијалаци, пијалаци што содржат кофеин и многу ладни пијалаци. 8. Кога сте во паркирано возило, отворете го прозорецот со цел да овозможите вентилација. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото! 9. Туширајте се со млака вода по потреба. За дополнително разладување, ставајте ладни облоги или потопете ги стапалата во ладна вода.“

    На крајот, од ИЈЗ упатуваат и посебна порака до најранливата категорија граѓани со цел да се избегнат посериозни последици.

    „10. Лицата со хронични болести, особено оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар.“

    Прочитај повеќе

    Утре 30-тата класа питомци ќе даде заклетва на Воената академија во Скопје

    21.10.2026 во 15:25

    69-годишен маж извадил пиштол по караница во Желино, полицијата му поднесе кривична

    21.10.2026 во 15:07
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.