Од ноември лани до септември годинава, Државниот пазарен инспекторат има направено 18.000 инспекциски надзори на ниво на Македонија и се изречени казни во вредност од околу 120 милиони денари (2 милиони евра) за непочитување на законските регулативи.

Ристески најави дека се подготвува унифициран софтвер за трговците.

– Се подготвува нов софтвер кој ќе биде презентиран во наредниот период. Ќе биде унифициран и бесплатно даден на сите трговци за транспарентно објавување на цените. Граѓаните ќе може сами да си креираат пазарна кошничка – изјави заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески.

Има предлог, кој со сигурност ќе го прифатиме, за повеќекратно да се зголемат казните од сегашните 20.000 евра за непочитувањето на Законот за нефер трговски практики, најави заменик министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

Tој денеска имаше средба со бизнисмените од прилепската регионална стопанска комора.

Exit mobile version