И Митева не оди во Водовод - Нема да ви дозволам да фрлите црна дамка врз мене

И портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева побара да биде повлечена од листата со предлози за членови на Управниот одбор на Водовод. Таа денеска на социјалните мрежи порача дека нема да дозволи СДСМ, партија која според неа на функциите гледа само како извор на пари, да фрли црна дамка на нејзиното име.
„Но, нема да им го пружам задоволството на СДСМ да си држат пресови со намера да фрлат црна дамка на мене, затоа се заблагодарувам на довербата, но барам предлогот за мене да биде повлечен. А кој и да биде член на управниот одбор јавно го повикувам да ми ги каже криминалите, па јас ќе продолжам на прес!!!“ – напиша Митева

 

Претходно и првиот портапрол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски побара да биде повлечен од листата со предлози.

23.12.2021 - 14:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега