И македонскиот рапер чека дете – пукаше балон со сопругата, откри дека чека момче (ФОТО)

Познатиот рапер Таско и неговата сопруга Наташа ги следат светските трендови, па затоа направија забава на која го открија полот на нивното прво дете.

Со пукање балон со сина боја и машки патичиња, тие им открија на најблиските дека очекуваат… син!

Инаку Таско и Наташа стапија во брак минатата година, а претходно беа во тригодишна врска.

Музичарот ја започна новата 2023 година со романтична фотографија на Инстаграм, на која позира со неговата сакана.

14.02.2023 - 21:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега