Close Menu
Press24
    Најново

    Хуманост на Велики Четврток: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели над 300 оброци за бездомните лица

    09.04.2026 во 13:47

    Од напади врз деца до тепачки меѓу татковци и синови: Седум случаи на семејно насилство во Македонија за едно деноноќие

    09.04.2026 во 13:42

    Драма во неготинско: Татко и син се пресметале со нож и дрвен предмет, двајцата завршија во полиција

    09.04.2026 во 13:33
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хуманост на Велики Четврток: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели над 300 оброци за бездомните лица
    • Од напади врз деца до тепачки меѓу татковци и синови: Седум случаи на семејно насилство во Македонија за едно деноноќие
    • Драма во неготинско: Татко и син се пресметале со нож и дрвен предмет, двајцата завршија во полиција
    • Трипуновски од струмичко: Откупени 35 милиони килограми зелка, процесот тече непречено
    • Минчев: Градиме професионална администрација – Академијата и ИТ-алатките се клуч за ефикасни услуги
    • Владина поддршка за Струга: Мицкоски најави нови проекти за охридско-струшкото крајбрежје
    • Мицкоски од Струга: Го разбиваме стереотипот дека сите политичари се исти – градиме проекти ветувани со децении
    • По седум години чекање: Целосно реконструирано хроничното одделение во болницата во Негорци
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хуманост на Велики Четврток: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели над 300 оброци за бездомните лица

    Хуманост на Велики Четврток: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели над 300 оброци за бездомните лица

    09.04.2026 во 13:472 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повод големиот христијански празник Велики Четврток, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со претседателот на Здружението за помош на бездомници, Тони Станковски, организираше хуманитарна акција во која беа поделени повеќе од 300 оброци за социјално загрозените граѓани.

    Велики Четврток е ден за хуманост, ден кога сме најпотребни таму каде што болката и потребата се најголеми, напиша Ѓорѓиевски.

    „Грижата за бездомните лица е мерка на човечноста на едно општество.

    Токму таму каде што е најтешко, каде што недостигаат основни услови за живот, се покажува вистинската вредност на солидарноста.

    Денес, заедно со Тони Станковски, претседател на Здружението на граѓани за помош на бездомни и социјално загрозени лица, поделивме повеќе од 300 оброци, носејќи барем малку топлина и грижа во нечие секојдневие.

    Но, нашата посветеност не застанува тука.

    Од стапувањето на мојата функција, вработивме десеттина бездомни лица кои веќе го пронајдоа својот мир и добија кров над глава – нов почеток, нова надеж.

    Како градоначалник, но пред сѐ како човек, ќе го дадам и последниот атом од себе за да обезбедиме подобри услови за сите, за да има што помалку вакви судбини и што повеќе достоинствени животи.

    Секој човек заслужува достоинствен празник.

    А јас, заедно со мојот тим, секогаш ќе бидеме тука да подадеме рака, да донесеме надеж и да измамиме што повеќе насмевки и среќа.

    Да сте ми здрави и живи!“, стои во објавата од градоначалникот Ѓорѓиевски.

    Популарно

    Хуманост на Велики Четврток: Градоначалникот Ѓорѓиевски подели над 300 оброци за бездомните лица

    09.04.2026 во 13:47

    Од напади врз деца до тепачки меѓу татковци и синови: Седум случаи на семејно насилство во Македонија за едно деноноќие

    09.04.2026 во 13:42

    Драма во неготинско: Татко и син се пресметале со нож и дрвен предмет, двајцата завршија во полиција

    09.04.2026 во 13:33

    Трипуновски од струмичко: Откупени 35 милиони килограми зелка, процесот тече непречено

    09.04.2026 во 13:28
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.