Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Орце Ѓорѓиевски: Возам сопствено возило, службените патувања сам си ги плаќам

    Орце Ѓорѓиевски: Возам сопствено возило, службените патувања сам си ги плаќам

    14.05.2026 во 20:552 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Да се биде прв човек на градот е чест, но пред сè – огромна одговорност. Одговорност пред секој граѓанин кој ја дал својата доверба со надеж дека конечно ќе види работа, ред и конкретни резултати.

    Јас не сум дојден овде за да живеам на грбот на граѓаните, туку за тие да го почувствуваат бенефитот од нашето работење, нешто што со децении недостасуваше. Затоа, секојдневно работиме чесно и домаќински. Личниот пример е појдовна точка: возам сопствено возило, горивото го плаќам од сопствена плата, репрезентацијата ја пренаменивме за капитални проекти, а службените патувања си ги покривам сам.

    Секој денар од буџетот мора да се врати назад кај граѓаните – во нови улици, булевари, мостови, почист град и подобри услуги кои суштински го менуваат Скопје.

    За само шест месеци, градот што го затекнавме во длабока криза, го исправивме на нозе. Го вративме редот, ја вративме работата и ја вративме надежта дека Скопје може и мора поинаку. Пред нас се капитални проекти што ќе значат вистинска преродба за нашиот град, а темпото нема да застане. Напротив, продолжуваме со уште посилно темпо и уште поголема одговорност.

    Не сме сите исти. Чесноста, транспарентноста и домаќинското работење се она што нѐ разликува од претходниците. Скопје заслужува градска власт која не троши за себе, туку работи за народот. Токму така ќе продолжиме и во иднина.

    Прочитај повеќе

    Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година

    22.10.2026 во 23:22

    Градоначалничката се сретна со станарите: Ги унапредуваме колективните живеалишта

    22.10.2026 во 19:38
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.