Хрватско истражување открива колку трае имунитетот од вакцините: Ќе теба и трета и четврта доза

Хрватскиот епидемиолог Бранко Колариќ во разговор за РТЛ ги открил прелиминарните резултати од истражуваето за траењето на имунитетот од вакцините.

– Истражуваето е спроведено на 120 корисници на еден дом за стари лица кои примиле вакцина на самиот почеток на кампањата за вакцинација. Резултатите сè уште ги собираме, но првите прелиминарни резултати покажуваат дека 30 отсто од испитаниците повеќе немаат заштита, 20 отсто имаат ниска заштита, а 50 отсто имаат солидна заштита – вели Колариќ.

Тој вели дека ова не важи за сите возрасни групи.

– Ова истражување е спроведено на група луѓе чии просек на години е 82. Постојат резултати и за помлада возрасна група, таму заштитата од вакцината сигурно подолго ќе трае – вели Колариќ и додал: Очекувано беше дека кај повозрасните и кај имунокомпромитираните лица заштитата ќе трае пократко. Изгледа дека сме тука на граница од 6 месеци за лицата кои се во длабока старост.

Треба ли да се вакцинираме со трета, четврта или пета доза, прашал водителот.

– Треба, тоа е решение за излез од кризата. За некои болести, како грипот, имаме редовна вакцинација. Имунитетот од вакцината нема да биде доживотен, туку ќе мора да се вакцинираме додека не епидемијата не ја ставиме под контрола – изјавил Колариќ, кој потоа ги коментираше и ковид потврдите.

– Мислам дека тие се добри, некои земји веќе ги воведоа, ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Мислам дека воведувањето на ковид потврдите ќе ја поттикне вакцинацијата и ќе го намали бројот на тешко заболени. Исто така мислам дека не чека уште една напорна есен со голем број хоспитализирани. Донесувањето на мерките ќе зависи од тоа – вели Колариќ.

07.09.2021 - 12:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега