Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Температурен пресврт: Од утрински минус до нагло затоплување во 11 часот, ова се температурите
    • Мицкоски: Во Бугарија очекувам средба на коњопој
    • ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хотел „Сунце“ во Соко Бања – добитник на „Туристички цвет“, најпрестижната награда за најдобар бањски хотел

    Хотел „Сунце“ во Соко Бања – добитник на „Туристички цвет“, најпрестижната награда за најдобар бањски хотел

    19.12.2025 во 14:452 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Хотел „Сунце“ во Соко Бања со гордост ја освои престижната награда „Туристички цвет“, која се смета за највисоко признание во областа на туризмот, со што официјално е прогласен за најдобар бањски хотел. Оваа награда претставува силна потврда за исклучителниот квалитет, современиот концепт и врвното туристичко доживување што го нуди хотелот.

    Отворен во 2020 година, Хотел „Сунце“ за краток временски период се позиционираше како еден од најбараните бањски хотели во регионот, комбинирајќи модерен комфор, богата содржина и услуга прилагодена за целото семејство. Хотелот се наоѓа на 255 километри од Скопје, односно на околу три часа возење, што го прави лесно достапна и атрактивна дестинација за македонските гости.

    Посебен акцент во понудата на Хотел „Сунце“ е целодневната анимација за деца, реализирана од професионални аниматори, со креативни, едукативни и забавни работилници, кои обезбедуваат динамична и безбедна средина за најмладите. Овој концепт овозможува вистинско уживање за целото семејство, каде што децата се активно вклучени, а родителите добиваат време за одмор и релаксација.

    Хотелот располага со ексклузивен спа-центар од 1.300 квадратни метри, кој претставува вистинска оаза на мир и луксуз.

    Во неговиот состав се вклучени два базена – хидромасажен и пливачки, џакузи, три видови сауни, парна бања, солена соба, калдариум, тропски тушеви, ледена соба, како и дополнителни содржини за целосна релаксација и регенерација.

    Во рамките на организираната туристичка понуда, македонските гости имаат можност овој награден хотел да го доживеат преку специјално креирани и внимателно селектирани аранжмани, достапни исклучиво преку туристичката агенција Пилот Травел, официјален партнер за македонскиот пазар.

    Со освојувањето на наградата „Туристички цвет“, Хотел „Сунце“ уште еднаш ја потврдува својата позиција како водечки бањски хотел и препознатлив симбол на квалитетен, модерен и семеен туризам во Соко Бања и регионот.

    Прочитај повеќе

    ФОТО: Ќерката на Цеца го покажа синчето – „Бесоните ноќи се тешки, но и посебни”

    06.10.2026 во 09:06

    Денес ништо нема да биде случајно: Хороскоп за 6 октомври

    06.10.2026 во 08:27
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.