Хорор во Скопје: Четири деца пронајдени во бесознание во куќа

Четворица малолетници се пронајдени попладнево во безсознание во куќа во Скопје, дознава Сител. Тинејџерите во моментот се на лекување на Клиниката за Токсикологија. Докторите се обидуваат да ја дознаат причината за нивната здравствена состојба, а повикан е и дежурниот персонал. 

Според информации на Сител, тие се во сериозна здравствена состојба, а забележани се и повреди на нивното тело. 

Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но според полицијата, нивните службеници на терен затекнале двајца од четворицата во безсознание, како и алкохол и психотропни супстанци. 

-Денеска полициски службеници од СВР Скопје постапиле по пријава за нарушен јавен ред и мир и при тоа е утврдено дека во куќата на Д.Г. (40) имало четири малолетни лица, од кои две биле во безсознание и истите консумирале алкохол и психотропни супстанци. Лицата се пренесени на Клиниката за токсикологија и во координација со Јавен обвинител, кој излегол на лице место, се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР за Сител.

12.07.2024 - 18:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега