Хорор во Добој: Двајца браќа пронајдени починати во стан

Телата на браќата Горан и Ахмед Алагиќ се пронајдени денеска во стан на улица Немањина бр.32 во Добој.

Браќата Алагиќ биле легенди на Добој, пишува АТВ, пренесува Српскаинфо.

Од починатиот Алагиќ се прости и фудбалскиот клуб Слога од Добој.

Денеска сите бевме изненадени од тажната вест дека Горан Алагиќ и неговиот брат починаа. Почивај во царството небесно, се наведува во насловната страница на ФК Слога на социјалната мрежа Фејсбук.

Имено денеска околу 13 часот станарите од зградата пријавиле дека од станот се шири непријатна миризба. Екипите излегле на терен и бидејќи вратата била заклучена, упаднале во станот.

22.07.2024 - 20:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега