Хорор: Куче до смрт ја изело својата газдарица

Куче булмастиф до смрт ја изеде Кели Рајли (33), потврди нејзиниот партнер Ноел Спринг. Кучето никогаш порано не покажувало знаци на агресија, пишува Dailymail во извештајот за трагедијата што се случи во Ковентри.

Партнерот ја пронашол Кели без свест во станот и веднаш повикал брза помош, која се обидела да ја реанимира, но безуспешно.

Полицијата го запленила кучето. Ноел Спринг беше во врска со Кели околу една година.

"Синоќа бевме кај мене заедно. Кели спиеше. Утрото отиде во станот да се пресоблече. Ја немаше околу половина час", рекла Спринг.

Тој изјави дека од станот не се слушнала гужва ниту пак кучето лаело или ржело. Семејството верува дека Кели имала напад и тоа можеби било поттик за кучето да ја нападне.

Кели, која била невработена, имала две деца. Во последните месеци таа неколку пати беше во болница поради нападите кои ги имаше.

22.07.2024 - 23:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега