Close Menu
Press24
    Најново

    Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа

    29.10.2026 во 23:54

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трагедија во Кападокија: Три лица загинаа, а петмина се повредени по одрон на карпа
    • Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило
    • Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација
    • Земјотрес ја погоди Србија
    • Купил возачка дозвола за 1.000 евра и тргнал на пат – Украинец уапсен на граница во Црна Гора
    • Дронови потопија брод кај бугарскиот брег, екипажот е спасен
    • Доаѓа Митровден – Што значи ако врне, а што ако сонце грее
    • Се урна хеликоптер во близина на Брчко, загинаа 4 лица, неколкумина се повредени
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Хоџа на Топ Тема: Дозволата за УСЈЕ ќе биде според новите, построги еколошки стандарди, исто како и за сите оператори со А-дозволи

    Хоџа на Топ Тема: Дозволата за УСЈЕ ќе биде според новите, построги еколошки стандарди, исто како и за сите оператори со А-дозволи

    19.06.2026 во 20:092 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на вечерашното гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма, ја демантираше информацијата дека цементарницата УСЈЕ ќе добие дозвола по стари правила.

    ,,По барање на МЖСПП, УСЈЕ уште сега ќе ги имплементира најновите и построги еколошки стандарди, иако новиот закон за индустриски емисии стапува на сила дури во септември 2027 година. Истото ќе важи за сите оператори кои поседуваат А интегрирана еколошка дозвола”- истакна Хоџа. Со оглед на тоа што по 2027 година сите дозволи ќе мора да се ревидираат, според министерот, логично е секое тековно обновување да се врши според идните, повисоки критериуми за заштита на амбиенталниот воздух и околината.

    Хоџа истакна и дека институционалниот рок за увид во барањето за дозвола  за УСЈЕ сè уште тече: ,,Барањето за дозвола беше јавно објавено на 22 мај на веб-страницата на Министерството и уредно доставено до Општина Кисела Вода и Град Скопје. Законскиот рок за поднесување забелешки трае до 22 јуни. Во првата недела од јули ќе се одржи јавна расправа на територијата на Општина Кисела Вода, каде што е лоцирана фабриката. Заради целосна транспарентност, Министерството јавно ќе го објави целиот записник.

    „Протестот е загарантирано уставно право кое јас секогаш ќе го поддржам, но во овој случај има јасна законска процедура.Имаме отворен дијалог и претстојна јавна расправа – ги повикувам сите граѓани и активисти активно да се вклучат “, потенцираше министерот во „Топ тема“, истакнувајќи дека со досегашните разговори крајната цел е веќе постигната: УСЈЕ ќе работи под далеку построги стандарди од досегашните

    Прочитај повеќе

    Тројца приведени во Врапчиште: Полицијата пронајде марихуана и кокаин во такси возило

    29.10.2026 во 23:43

    Ѓорѓиевски по повод 100-годишнината на ЗОО Скопје: Започнавме значајни зафати за модернизација

    29.10.2026 во 23:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.