Груби: Едвај чекам да видам како гласачите на Алијанса ќе гласаат за Груевски и Мицкоски, а патриотите за Села

Според првиоит вицепремиер и член на претседателството на ДУИ, Артан Груби, коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со Алијанса за Албанците и Алтернатива за претстојните локални избори е несвојствена и едвај чека да види како гласачите на едните ќе гласаат за другите, и обратно.

„По социјалните мрежи ја нарекуваат коалиција ’27-ми‘, тоа е коалиција на поделби, не е коалиција на заедништво, коалиција на Скопје 2014, а не за едно цело Скопје и заедничко наше. Многу е несвојствено и навистина едвај чекам да го видам денот кога сите гласачи на Алијанса со цело свое срце, со цел тој ентузијазам и љубов ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и Христијан Мицкоски. И обратно, сите тие патриоти на ВМРО-ДПМНЕ, сите кои влегоа на 27 април во Собранието, сите тие што го поддржуваа ’Скопје 2014‘ ќе гласаат со големо убедување и цело срце за Зијадин Села и Алијансата“, рече Груби.

 

Тој најави дека утре лидерот на ДУИ, Али Ахмети, официјално ќе претстави 18 кандидати за градоначалници за локалните избори.

03.09.2021 - 12:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега