Груби: Албанската опозиција е целосно ставена во служба на ВМРО-ДПМНЕ

Вицепремиерот Артан Груби за албанската ТВ А2 Си-Ен-Ен изјавил дека речиси сите албански опозиционери во Северна Македонија се излезени од ДУИ, а сега „се целосно ставени во служба на македонската опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ".

-Во таканаречената албанска опозиција сите се произлезени од ДУИ, односно се поранешни колеги,  кои сега не завршија никаде затоа што сакаа да бидат основачи на политички партии без да имаат способност да ги водат, па не се застапени ни со пратеници во парламентот, изјавил Груби.

Оценил дека „она што ги следеше досега ќе продолжи и понатаму".

- Тие се обединија, но овој нивен сојуз дојде поради сопствениот недостиг на лидерство. Од ДУИ секогаш баравме обединување за да не се дели албанскиот глас, но во моментов тие делуваат во служба на ВМРО-ДПМНЕ, рекол Груби. 

21.02.2024 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа