Грчкото здравство итно се мобилизира: Бројот на новозаразени алармантно расте

Со одлука на министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас и алтернативниот министер Василис Кондозаманис,  од 1 септември се отповикуваат сите редовни годишни одмори на сите вработени во болниците, брзата помош, во Националната организација за јавно здравје, како и во јавните установи за примарна здравствена заштита, јави дописничката на МИА од Атина.

 

Конкретното цилкуларно писмо, кое го објавуваат грчките медиуми е со денешен датум и потпишан од Кикиљас и Кондозаманис.

 

Грчката новинска агенција АНА-МПА пишува дека целта е здравствениот систем да биде оперативно подготвен, бидејќи според експертите земјата е веќе во четвртиот бран, а „првата половина од септември се смета за клучна за управувањето со пандемијата, со оглед на тоа дека граѓаните се враќаат одмор и се отвораат активности во општеството”.

Паралелно, од 1 септември стапува во сила и одлуката на грчката Влада за задолжителна вакцинација на здравствените работници, а во спротивно предвиден е принуден, неплатен одмор.

Во изминатите 24 часа во Грција е регистрирано дополнително зголемување на пациентите приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега, вкупно 332 односно шест повеќе од вчера, а зголемен е и бројот на починати лица, вкупно 42.

Согласно денешните податоци од Националната организација за јавно здравје, регистрирани се 3.273 нови случаи на Ковид-19 од 93.988 направени тестови (17.144 ПЦР и 76.844 рапид).

25.08.2021 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега