Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ повторно повикува на протест поради континуираното загадување и институционалното молчење.
Иницијативата најави граѓанска блокада во среда, на 21 јануари, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во правец кон Усје.
„Затоа што воздухот нема да се исчисти сам! Дојди на блокада!“, велат од граѓанската иницијатива.
Вакви блокади и протести се организираа и минатата година, а граѓаните имаат една цел – да се престане со континуираното загадување и труење на жителите на Скопје предизвикано од Цементарниц Усје.

